Панчо од ДНК во Италија ја објави најновата песна „Мами“, која ја сними во Наполи. Тој периодов беше во Италија кај Елмас кој ја прослави титулата со Наполи. Ова е негова прва песна без Андреј од ДНК, но рече дека добил дозвола од него да ја сними.
Песната ја работеше со продуцентот Лазар Цветкоски, а спотот покрај во Наполи го сними и во градот Помпеја и Салерано од каде почнува Амалфскиот брег. Во видеото има сцени од прославата со навивачите на Наполи. Панчо кој е пријател на Елмас му беше на гости ѝ му се заблагодари за топлиот пречек.
„Морам да му се заблагодарам на Елмас за пречекот. Ни обезбеди и влезници за натпреварот и не покани на забавата каде заедно со фудбалерите на клубот ја славеа шампионската титула“, ни рече Панчо.
Во блиска иднина ќе слушнеме и нешто ново од музичкото трио Панчо, Андреј и Лазар Цветкоски.