Според д-р Антони Фаучи, главниот советник на претседателите Трамп и Бајден за корона вирусот, повеќето „таканаречени додатоци за зајакнување на имунитетот“ всушност не прават „ништо“.
Сепак, постојат два витамини кои Фаучи ги препорачува за да го одржите вашиот имунолошки систем здрав.
„Ако имате недостаток на витамин Д, тоа има влијание врз вашата подложност на инфекции. Така што, не би имал ништо против да препорачам, а и јас го правам тоа самиот со додатоци на витамин Д “, рече Фаучи (79) во четвртокот (всушност, истражувачите од Универзитетот во Чикаго за медицина неодамна открија дека тие кои имаат недостаток на витамин Д имаат поголема веројатност да се инфицираат со САРС КОВ 2).
Покрај витамин Д, Фаучи рече и дека витаминот Ц е „добар антиоксиданс“. „Значи, ако луѓето сакаат да земат грам или два најмногу витамин Ц, тоа ќе биде добро“, рече тој. Витаминот Ц „придонесува за имунолошка одбрана преку поддршка на различни клеточни функции“ на имунолошкиот систем на телото, според студијата од 2017 година објавена од Националниот институт за здравство, а витаминот Ц, исто така, се чини дека ги спречува и помага во лекување на „респираторните и системските инфекции“.
За време на друго интервју објавено на 4 септември, Фаучи рече дека во клиничките студии повеќето „таканаречени“ додатоци за зајакнување на имунитетот навистина не им помагаат на луѓето, освен ако тие немаат некаков недостаток од нив. Всушност, многу од овие додатоци „или не прават ништо, или, ако земате премногу од нив, тие ќе ви наштетат“, рече Фаучи.
Генерално, најдобриот начин за зајакнување на имунолошкиот систем е да имате добар сон и вежбање, рече Фаучи.
„Тоа се нештата што се многу подобри од куп билки и суплементи за кои навистина никогаш не било докажано дека го прават тоа“, рече Фаучи.
Во март, Фаучи, кој беше член на работната група во Белата куќа „Ковид-19“, рече дека често работи 20 часа дневно за да се справи со пандемијата. Но, во јулското издание на списанието InStyle рече дека одвојува време за да пешачи најмалку 3,5 милји дневно (5,5 км) за да го ослободи стресот и да го одржи доброто здравје за време на пандемијата.
Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергија и заразни болести од 1984 година, порано трчал до седум километри дневно, но со оглед на годините преминал на пешачење. Во четвртокот, Фаучи ги предупреди Американците дека есента и зимата „нема да бидат лесни“.