Уште еден чекор од остварување на нашите соништа. Македонија вечна!- објави денеска на својот профил на Инстраграм македонскиот интернационалец и капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.
Тој и неговите соиграчи се само на чекор до остварувањето на големиот сон – пласман на едно големо натпреварување, овој пат на ЕУРО 2021 година.
Совладана е селекцијата на Косово, на ред е Грузија, меч кој се игра на 12 ноември на теренот на противникот.
Нашиот најдобар фудбалер, ја држи стабилноста во тимот, задолжен е за атмосферата и без кого овој пат немаше да го чекориме.