Македонските репрезентативци Горан Пандев и Илија Несторовски имаа ефективен настап на денешниот дуел меѓу Џенова и Удинезе во дуелот од 11. коло во Италијанското фудбалско првенство.
Пандев со својот втор гол оваа сезона, и донесе водство на Џенова во 22.минута. Следуваа три гола за гостите од Удине, а првиот го постигна Де Паул на додавање на Несторовски.
Удинезе по 11 кола е во групата екипи со 13 бода кои гравитираат околу средината на табелата, додека Џенова има само осум бода и е во долниот дел од поредокот.