Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на кое се гледа како чад доаѓа од нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на Русите.
Зеленски вели и дека сегашното ниво на радијација е во нормални граници, но се додека Русите го контролираат тој дел, постои опасност од ескалација.
„Во моментов, нивото на радијација е во нормални граници. Меѓутоа, се додека руските терористи ја држат контролата над нуклеарната централа, ситуацијата не е и не може да биде нормална“, предупредува тој.
Тој уште еднаш нагласи дека Русија мора да сноси одговорност за ова, како и за агресијата што ја прави врз Украина.
„Чекаме светот да реагира, чекаме МААЕ да реагира. Русија мора да сноси одговорност за ова. Само украинската контрола над Запорожје може да гарантира враќање во нормала и целосна безбедност“, заклучува Зеленски.
Enerhodar. We have recorded from Nikopol that the Russian occupiers have started a fire on the territory of the Zaporizhzhia Nuclear Power Plant.
Currently, radiation levels are within norm. However, as long as the Russian terrorists maintain control over the nuclear plant, the… pic.twitter.com/TQUi3BJg4J
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 11, 2024
Пред тоа, шефот на РВА Никопол, Евгениј Евтушенко изјави дека СИ во Запорожје работи нормално, а Русите најверојатно изгореле голем број автомобилски гуми во разладната кула.
„Според неофицијални информации добиени од извори од спротивната страна, Русите запалиле големи количини автомобилски гуми во разладна кула на брегот на поранешната акумулација“, рече тој.