Звучи како да станува збор за информација од Амазон, но овој случај се однесува за езерото Латумер, крај Дизелдорф во Германија, каде завладеала паника откако повеќемина забележале долга змија.
Врз основа на фотографиите, специјалистите велат дека нема место за паника, зашто станува збор за жолта анаконда, долга околу две метри и која не е опасна за луѓето.
Весникот „Рајнише пост“ прв објави информација за амазонскиот предатор кој некако се нашол во водите на Латумер и кој е вистинска закана за помали животни, како на пример мачки или зајаци.
Откако експертите потврдиле дека анаконда има во езерото, властите ја затворија зоната за посетители и сега е во тек по фаќање на влекачот. На еден напис стои: „Пристапот до езерото е затворен! Во водите на езерото има жолта анаконда“.
Експертите очекуваат нејзе да ја лоцираат на суво додека ја загрева телесната температура на сонце.