ПАНОВ: Тројца министри Албанци се сменија, ништо не им пречеше во учебникот по географија, сега на Царовска нешто и пречи!

/ 23.03.2021

Професор доктор Никола Панов, еден од авторите на учебникот по Географија кој беше повлечен од министерството за образование, вечерва во Алфа телевизија, во „Што не е јасно“, истакна дека три министри за образование имало Албанци на кои учебникот не им сметал, но на Мила Царовска и сметал.

-Со овој учебник завршија деветнаесет генерации на средношколци, Национална историја или Историја на Република Македонија, така го пишавме учебникот, во целопкупниот текст на учебникот пишува дека станува збор за историја на Република Македонија, па претпоставувам дека тоа на некого му смета. Уште пред неколку години имавме постојан притисок да се укине тој учебник, а поготово сега кога има ситуации со соседниве наши пријатели условно кажано со Бугарија која сака да ни го промени јазикот и да го поништи Блаже Конески, понатаму со Грците кои практично не прекрстија, вели тој.

Професорот Панов вели дека како иницијална каписла на повлекување на учебникот било палењето на книгата „Национална географија“ од некои албански организации, што вели дека, како, чин многу кажува за тие луѓе.

-Да запалиш книга по национална географија е исто како да си ја запалил државата затоа што во тој учебник стојат податоци за државата, чин кој се случи без никаква реакција, иако е голем злостор, освен неколку медиуми кои објавија немаше друга реакција. Замислете во Бугарија да запалите учебник по национална географија, рече професорот Панов и додаде:

„Три министри се сменија Албанци не им сметаше ништо во учебникот, сега на Царовска нешто и смета, дали таа била под притисок или не незнам, но не смеела да подлегне под тие провокации“.

Тој вели дека не му стигнало се уште решението, за да го види објаснувањето зошто учебникот е повлечен, па дека обајснувањето за повлекувањето го чул од медиумите и изјавите на министерката Царовска.


Од истата категорија