Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле резолуција во Собранието со која се осудуваат манипулациите и дезинформациите што опозицијата ги шири во врска со прашањето за мигрантите.

Пратеничката Панова посочи дека СДС, како обезличена и полураспадната партија без јасна визија и идеи, повторно отвора тема која е целосно немерлива и неоснована.

„Несфатливо како може СДС да зборува за било какви црвени линии којшто тие ги прекршија всушност, тие распродадоа име, се согласија на сето тоа што не смееше една влада да се согласи, сега, од друга страна, поднесуваат некаква резолуција“, вели Панова.

Панова нагласи дека со цел да се затвори оваа непостоечка, наметната тема за мигранти кои никогаш нема да пристигнат во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле Резолуција со повеќе јасни точки, со која се става крај на манипулациите и ширењето страв меѓу граѓаните.

„За да ја затвориме оваа непостоечка тема која што се отвори за мигранти, којшто никогаш нема да пристигнат во Македонија, ние денес поднесовме резолуција и во истата се состојат повеќе точки со којшто всушност сакаме да ја затвориме темата“, посочи Панова.

Панова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на државните интереси како и водење одговорна политика која е заснована на факти и транспарентност.