Надлежните да признаат каде најмногу се шири корона вирусот, а не во интерес на економијата да се затскриваат зад напишани казни за неносење маски на улица, бидејќи на отворено и со држење на дистанца вирусот не се шири, дециден е професорот Никола Пановски. Тој вели оти неопходно е да се стави клуч на врата кај угостителските објакти, и да се воспостави ред во јавниот превоз, оти само така ќе се држи под контрола третиот корона бран.
-Сите мерки, додека работат кафани, кафичи, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 05 часот. Казнување на луѓе по улица дека не носеле маски, никаква врска тоа нема со ширење на епидемија. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантиметри без маски, вели професор доктор Никола Пановски за Алфа.