Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со папата Франциск за тековниот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас, се вели во соопштението на Белата куќа

„Двајцата разговараа за неопходноста да се спречи ескалација во регионот и да се работи за постигнување траен мир на Блискиот Исток“, соопшти Белата куќа.

Претходно, Ватикан соопшти дека разговорот, кој траел околу 20 минути, „се фокусирал на конфликтните ситуации во светот и потребата да се најдат начини за мир“.

Белата куќа соопшти дека Бајден телефонски разговарал за ова прашање и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.