Папата Франциск денеска се сретна со двајца канадски кардинали додека нивната држава се соочува со откривање на остатоците на 215 деца закопани на местото на поранешно училиште за домородни деца отворено од Католичката црква.

„Папата разговараше одделно со кардиналите Мајкл Черни и Марко Квелет“, соопшти Ватикан.

Многу Канаѓани го повикаа Папата да се извини за улогата на Црквата во работењето на резиденцијалните училишта помеѓу 1831 и 1996 година, кои беа управувани од христијански цркви во име на државната влада.

Папата веќе се извини за улогата на Црквата во ерата на колонијализмот во Америка, но тој обично се извинува за време на посетите на земјите. Посетата на Папата на Канада сè уште не е закажана.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера изјави дека Католичката црква мора да преземе одговорност за раководењето со голем број училишта поради асимилација на домородното население.

Минатомесечното откривање на масовна гробница со остатоци од деца кои посетувале резиденцијално училиште во Британска Колумбија, затворено во 1978 година, предизвика револт кај Канаѓаните поради недостиг на информации и избегнување преземање одговорност.