Папата Франциск апелираше до светските политички лидери вакцината против коронавирусот да ја направат достапна и за најсиромашните земји.
Многу делови на светот немаат пристап до здравствена заштита, тие се на „фармаколошка маргина“, потенцира папата за време на состанокот со италијанска група која собира донации од фармацевтски компании и дистрибуира лекови на клиниките и медицинските центри на кои им е најпотребно.
Тој рече дека премногу луѓе во светот умираат поради недостиг на лекови и дека за тоа треба да размислуваат политичките лидери од земјите каде лековите се достапни за сите граѓани.
– Повторувам, би било многу тажно доколку вакцината приоритетно им се даде на најбогатите, или вакцината да стане сопственост на оваа или онаа земја наместо на сите, рече папата, кој ја истакна важноста вакцината да биде достапна за сите.