Папата Франциско денеска почна постапка Роберт Шуман да се прогласи за светец на Католичката црква.

Во соопштението на Ватикан се вели дека папата го одобрил декретот за признавање на „херојските доблести“ на Шуман, кој почина во 1963 година.

Признавањето е една од најраните фази на долгиот процес кој може да доведе до канонизација. Работата на Шуман беше клучна за воспоставувањето на сегашните европски институции како што е Европската унија.

Шуман, кој ја извршуваше функцијата француски премиер и министер за надворешни работи непосредно по Втората светска војна, исто така играше улога во основањето на НАТО.