Папата Франциск денеска им се заблагодари на новинарите кои помогнаа во откривањето на скандалите со сексуално злоставување, кое Римокатоличката црква првично се обиде да го прикрие.
– Ви благодарам што ни кажавте што не е во ред во Црквата, што ни помогнавте да не туркаме такви работи под тепих, како и за гласот што им го дадовте на жртвите, посочи папата Франциск.
Американскиот весник Бостон глоуб во 2002 година објави серија написи во кои се разоткри моделот на свештеничка злоупотреба на малолетници и широко распространетата култура на прикривање на таквите информации од страна на црквата.
Оттогаш, Римокатоличката црква ја тресат скандали во многу земји во светот. Последниот беше во Франција, каде што големата истрага во октомври откри дека француски свештеници сексуално злоставувале повеќе од 200.000 деца во изминатите 70 години.
Критичарите го обвинија папата Францискдека реагира премногу бавно на скандалите откако стана поглавар на Католичката црква во 2013 година. Тој е обвинет и дека им верувал на своите колеги свештеници, а не на зборовите на бројните жртви.