Папата Лав по вчерашната средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Европа мора да има централна улога во напорите за завршување на војната во Украина и предупреди дека секој мировен план што ја игнорира улогата на Европа е нереален.
Тој истакна дека „војната е во Европа“ и оти европските земји мора да бидат дел од безбедносните гаранции.
Поглаварот на Римокатоличката црква одговарајќи на новинарско прашање истакна дека не сака да го коментира американскиот мировен договор за Украина, но оти го прочитал документот. Според него планот е голема промена од вистинскиот сојуз меѓу Европа и САД што постоел многу години.




