Папата Лав денеска повика на искоренување на антисемитизмот во светот, одбележувајќи го годишното сеќавање на Холокаустот со молитва за свет без предрасуди и расизам.
– Во оваа годишнина на болно сеќавање, го молам Семоќниот за дар на свет без антисемитизам и без предрасуди, угнетување или прогон на кое било човечко суштество, изјави папата за време на својата неделна аудиенција во Ватикан.
Лав, првиот папа од Соединетите Американски Држави, упати апел до светските лидери „секогаш да останат будни, за ужасот на геноцидот никогаш повеќе да не погоди ниту еден народ“.
Папата Лав, како и неговиот претходник папата Франциск, повеќепати го осуди антисемитизмот откако во мај минатата година стана поглавар на Католичката црква, која брои околу 1,4 милијарди верници.




