Под папското руво се крие нормален, обичен човек… „Брзоплет човек, лош фудбалер со две леви нозе и ми пречи што никогаш немам ни паричка в џеб, вели папата Франциск во новата биографска книга.
Луѓе од Бразил, Индија, Иран, САД и 80-на други земји испратија 100 прашања до Папата, чии одговори се собрани во книга што ќе биде објавена на 1 април, под наслов – „Од сиромав – до папа, од папата до светот“, а заснована на одговорите на Франциск на прашања од обесправените и сиромашните во светот. „Колку плата земате?“ „Дали некогаш сте имал девојка?“ „Дали имате маани?” – Ова се некои од прашањата до Папата како дел од проектот на француското здружение „Лазар“, кое управува со заеднички домови за поранешни бескуќници.
– Јас сум вжештена глава – нетрпелив. Понекогаш брзам со одлуките, гласи еден одговор од поглаварот на Католичката црква во книгата.
– Поглаварот на 1,2 милијарди католици во светот се согласи да учествува во проектот и беше изненадувачки искрен, дури и за многу личните работи. И покрај лудиот распоред, тој одвои време да ги слушне сите прашања, до едно, рече Пјер Дурие – раководител на здружението.
Папата, кој себеси се опишува како сонувач и обожавател на францускиот поет Бодлер, е роден како Хорхе Марио Бергољо. Го избрал името Франциск за да покаже дека во неговото папство, сиромашните во светот ќе бидат во првите редови. Тој тука говори и за својот живот, семејството, вкусовите, свештеничките должности и нетолеранцијата кон луксузот… Следат делови од одговорите…
– Ме боли кога луѓе од црквата – свештеници, бискупи, кардинали, се возат во луксузни автомобили, далеку од тоа да даваат пример за скромност, истакнува католичкиот поглавар.
Тој ги отфрла сите скапи работи, иако признава дека не би можел да ги купи и да сака.
– Не добивам плата. Ниту еден денар! Ме хранат, а ако ми треба нешто, само ќе побарам. Патем, што и да побарам секогаш ми велат никогаш не ме одбиваат. Никој не сака да се расправа со папата. Мојата сиромаштија е привидна затоа што ништо не ми недостига. Но, малку е апсурдно што морам да прашувам за сè. Тоа ме прави помалку самозадоволен, признава Папата Франциск тој.
Сепак, тој сигурно нема да бара едно нешто – копачки. Иако неговиот омилен спорт е фудбал, папата, инаку роден во Аргентина, никогаш не бил вешт во овој спорт.
– Кога бев млад, секогаш ме ставаа на голот бидејќи бев лош играч. Ми велеа дека имам „две леви нозе“, се пошегува папата Франциск.