Симпатизери на СДСМ од Кичево имале средба со екс лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски на која ги поттикнал тие да гласаат за кандидатот за градоначалник Александар Јовановски, тврди Горан Карафилоски, активист на СДСМ од Кичево.

Каранфиловски, како што наведува Експрес, е бивш секретар на општинската органзиација на СДСМ и директор на едно училиште.

Тој на Фејсбук објави фотографија на која Црвенковски седи со сопартијци од Кичево, за кои вели дека активно работеле Јовановски да победи на изборите во градот и да се стави крај на раскалашната власт на ДУИ.

Во коментарите, граѓани од Кичево коментираат дека појавата на Црвенковски ги мотивирала или велат дека „сенката му е голема“.

– Јас Горан Карафилоски сум и можам да бидам само СДСМ и ништо друго и во најтешките мигови сум бил како викаат само СДСМ до гроб, напиша Карафилоски на Фејсбук, пренесува Експрес.

Познато е дека во време на СДСМ и експремиерот Владо Бучковски беше прекроена територијалната поделба на Македонија, според која кон Кичево и Струга беа припоени други општини, со кои мнозинство во тие општини станаа граѓаните Албанци. Исто така, познато е дека Црвенковски од поодамна го носи називот „папа“ како авторитет во СДСМ. Како и тоа дека во време на СДСМ на власт дојдоа ДУИ, од чии редови е сега веќе бившиот градоначалник на Кичево, и останаа во власта две децении.