Папата Франциско нагласи денеска дека е отворен за посредничка улога во Венецуела само ако и двете страни во политичката криза во таа држава го побараат тоа од него.
– Ќе го отворам писмото. Ќе видам што може да се направи, но првичните услови се и двете страни да го побараат тоа, изјави Франциско.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави вчера дека му пишал на папата и го повикал да го олесни дијалогот меѓу него и опозицијата.