Папата Франциско изрази жалење поради „се поголемиот број“ убиени христијани во светот. Папата пред членови на Коњанички ред на Светиот гроб во Ерусалим спомена за „драматична ситуација на христијаните кои се прогонети и убиени во се поголем број“, и тоа „пред очите на целиот свет кој често врти глава на другата страна“.

– Освен мачеништво со пролевање крв, постои и бело мачеништво, какво што се случува во демократски држави кога верските слободи се ограничени, нагласи Папата.

Во септември тој рече дека стравува оти целиот Блиски исток ќе биде „исчистен“ од христијаните што ќе промени изглед на тој регион.