Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје ќе се одржи овогодишното издание на Скопје прајд, чија почетна точка ќе биде паркот Жена – борец во 17 часот.
Во паркот Жена борец, спроти Собранието на Македонија, ќе започне собирањето на учесниците. Во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе тргне протестниот марш по скопските улици до Градски парк, каде во 20 часот на стадионот на Армијата ќе започне програмата која ќе трае до 1 часот по полноќ.
Организаторите очекуваат Парадата да помине мирно и без провокации кон нив.