Роналдињо беше уапсен во хотел во главниот град на Парагвај поради влез во земјата со фалсификуван пасош.Тој и неговиот брат Роберто Азис беа однесени во полициска станица во Асунсион каде што повеќе од шест часа беа испрашувани.
Адвокатот на Роналдињо, Сержо Квеироз го потврди апсењето за „Асошиејтед прес“ и рече дека неговиот тим во Парагвај добил дозвола фудбалерот да се брани од слобода. Тој информираше дека Роналдињо се подготвува да се врати во Рио Де Жанеиро каде што живее.
Но, парагвајските власти во меѓувреме се предомислиле откако утврдиле дека не смеат така да го пуштат Роналдињо да се брани од слобода. Пред да се качи во авионот го уапсиле повторно и го вратиле во притвор.
Дополнително ќе одлучуваат дали и колку ќе го држат или со дополнителни гаранции ќе го пуштат да се брани од слобода.