Службата за цивилна заштита ги повика жителите да се држат настрана од пареата и облаците од гас. Облаците наречени „Лејз“ содржат пареи од солна киселина и мали честички од стакло. Тие настануваат кога врелата лава доаѓа во допир со солената морска вода.
Во моментов нема знаци дека Килауеа повторно се смирува. Од бројни пукнатини во земјата, истекува лава, која веќе го блокираше еден од најважните поврзувачки патишта. Ѕид од течни камења висок еден метар таму се пробива во насока на Пацификот.
Со тоа за жителите на особено загрозената населба Пуна на Големиот остров, најголемиот остров на архипелагот, блокиран е важен пат за бегство. Вулканот, кој исфрла оган неколку недели, веќе уништи десетици објекти, а во саботата еден човек беше повреден.
Килауеа е опасно активен од почетокот на мај. Постојано од нови пукнатини во земјата, течната магма стигнува до површината.
На излевањето на лавата и пепелта од вулканот им претходеше земјотрес со интензитет од пет степени во регионот. Регистрирани беа и неколку други потреси со послаб интензитет.
Во 1924 година тој вулкан исфрли 10 тони вулканска маса во воздух и еден човек загина при таа ерупција.