Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар, кој закрепнува од повредата на стапалото, ќе замине за Бразил за 10 дена, каде што ќе продолжи да се рехабилитира, објавено е на официјалната клупска веб-страница.
Нејмар, во придружба на лекари на клубот, ќе оди на посебен третман.
За потсетување, 27-годишниот Бразилец се повреди на 23 јануари во натпревар од шеснаесетфиналето од Купот на Франција против Стразбур (2:0).
Се проценува дека за рехабилитацијата на ѕвездата на ПСЖ ќе бидат потребни околу 10 недели.