Парите за кои Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го гони поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зекири завршиле на сметките на фирмата во Хрватска, откри шефицата на ова Обвинителство, Вилма Русковска, за ТВ Телма.
Поранешниот владин генсек Мухамед Зекири заврши во притвор поради незаконски склучен договор за изработка на физибилити-студија за трансформација на „Македонска пошта“. Зекири заедно со двајца хрватски државјани се товари за проневера на 145.000 евра.
Зеќири досега немал кажано дека добил налог од некого да склучи ваков договор, но Русковска вели дека и да каже такво нешто Зеќири, треба да се обезбедат докази за да се гони евентуално тоа лице.
Според обвинителство, штетата на буџетот е околу 57 милиони денари, речиси милион евра. Генералниот секретар располага со целиот буџет на Владата, а оттаму донеле постапка за консултанска услуга, но во четири очи.
Таа се чуди како Зекири не се консултирал со никого со оглед на тоа, дека за секоја набавка од над 400.000 евра треба да има и меѓународен тендер, но во случајов не е побарана ниту согласност од Биро за јавни набавки.