Две деца од француска националност се убиени на северот на Појасот Газа, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека нивната мајка и третото дете се повредени. Се додава дека францускиот конзулат во Ерусалим се уште не успеал да воспостави контакт со мајката на убиените деца и дека Министерството во моментов не знае во каква состојба е семејството.
Во соопштението се повторува барањето на Париз на странските државјани, особено на Французите, да им биде дозволено да го напуштат Појасот Газа.
„Франција го повторува својот итен повик за хуманитарен прекин на огнот за да може хуманитарната помош да стигне до оние на кои им е потребна.
„Хуманитарниот пристап мора да биде континуиран, брз, безбеден и непречен, за да може помошта одржливо да ги задоволи потребите на цивилното население во Газа“, се вели во соопштението.