Поранешниот соработник на францускиот претседател Александар Бенала е во притвор во рамките на истрагата која се води за контраверзното користење дипломатски пасош, откако беше прекинат неговиот договор со Елисејската палата, јавува МИА.
Таа информација е потврдена од обвинителството на Париз за повеќе француски медиуми.
Притворањето на Александар Бенала е во рамките на истрагата отворена на 29 декември минатата година поради „злоупотреба на доверба и бесправно користење документ за оправдување на професионална должност. Вчера истрагата беше проширена на користење на лажни и недозволено добивање на административни документи, ова по информациите добиени од Елисејската палата, појасни обвинителството.
Францускиот сенат исто така води истрага за недозволеното користење на дипломатскиот и службен пасош од страна на Бенала, иако тој повеќе немаше никакви функции и работни задачи во Елисејската палата. Неговиот работен однос беше прекинат откако беше снимен во текот на мај минатата година како неоправдано удира и апси учесници на демонстрации, за што немал никакви надлежности.