Француската катедрала Нотр Дам оваа година нема да одржи божиќна полноќна миса, што е првпат за повеќе од два века.
Во катедралата, која во април годинава беше тешко оштетена во голем пожар, миси за Божик се одржувале и за време на двете светски војни.
– Ова е првпат од Француската револуција да нема полноќна миса, изјави пасторот на катедралата Патрик Шове.
Поради обновувањето кое ќе потрае, мисите се одржуваат во цркавата Сен Жермен И’Асероа, каде времено се префрлени некои реликвии од катедралата Нотр Дам.
Нотр Дам, еден од симболите на христијанството, но и културно богатство на целото човештво, секоја година го посетуваат повеќе милиони луѓе.