Француски свештеник стана херој за локалните медиуми по сведоштвата дека додека горела катедралата Нотр Дам, тој влетал во пламенот и спасил еден бодликав венец и други вредни реликвии.
– Тој покажа голема бестрашност, единствена цел му беа реликвиите во катедралата и нивната сигурност. Тој секој ден се соочува со животот и смртта, па тоа го прави похрабар, изјави очевидец кој сакал да остане анонимен.
Занимливо е тоа што истиот свештеник служел војска во Авганистан, каде преживеал напад од заседа, а во 2015 година им помагал на повредените во терористичкиот напад во театарот Батаклан во Париз.