Францускиот главен град е подготвен да обезбеди бесплатен јавен превоз за сите деца на возраст под 11 години.

Како што објави  „Ле Парисиен“, од септември оваа година треба да се случат значајни промени во функционирањето на јавниот градски сообраќај во Париз. Тоа подразбира дека за децата под 11 години превозот ќе биде бесплатен, вклучувајќи ги и децата кои не се државјани на Франција.

Лицата со инвалидитет помлади од 20 години ја имаат истата привилегија, а средношколците на возраст меѓу 14 и 18 години ќе имаат 50 отсто попуст на јавниот градски превоз, но и бесплатен налог за велосипедскиот систем  Велиб.

Една од главните причини за воведување на бесплатен јавен превоз е всушност зачувување на животната средина.

Пресметките покажуваат дека таквите измени ќе го чинат градот 15 милиони евра годишно.