Заврши лидерската средба за одржување на изборите напролет. Партиите од власта и опозицијата договорија изборите да се одржат на крајот на април и почетокот на мај
-Задоволен сум што конечно ќе имаме редовни парламентарни избори од 2006 година. Мораме да внимаваме и на верските празници. Предложив првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори. Техничката влада ќе се формира на 28 јануари., изјави Ковачевски
Премиерот Ковачевски истакна дека уставните измени остануваат обврска на следниот парламентарен состав.