Претседателот на Естонија Алар Карис денеска ги закажа парламентарните избори за 5 март следната година. Според анкетите, во предност е Реформската партија на премиерката Каја Калас, јави ДПА.
Право на глас на претстојните избори имаат околу 900.000 луѓе, а гласањето ќе биде онлајн. Естонија беше првата во Европа што воведе онлајн гласање во 2005 година, забележува ДПА. Граѓаните ќе можат да го остварат своето право и пред денот на изборите.
Руската инвазија на Украина ќе биде клучно прашање на изборите во земјата, која има близу 300 километри заедничка граница со Русија, посочува ДПА.
Реформската партија води на анкетите, а по неа следат десничарската Конзервативна народна партија на Естонија и Централната партија на Естонија.