Во Молдавија денеска се спроведуваат парламентарни избори, каде над три милиони Молдавци со право на глас ќе го изберат новиот состав на Парламентот. Првпат изборниот модел е мешовит, односно 101 пратеник ќе бидат избрани со комбинација на пропорционалниот и мнозинскиот систем.
Според последните испитувања на јавното мислење, во водство е Социјалистичката партија на претседателот на државата Игор Додон, која се залага за приближување кон Русија и влез на земјата во Евроазиската економска заедница. Се очекува оваа партија да добие околу 50 отсто од гласовите.
На второ место е коалицијата АЦУМ, каде се двете партии кои поддржуваат влез на Молдавија во ЕУ и НАТО.
На трето место е Демократската партија на олигархот Влад Плахотник, која заговара обнова на односите со Брисел, кои се влошени од 2018 година, но истовремено и за коректни односи со Москва.
Таа поранешна советска република, со 3,5 милиони население се наоѓа меѓу Романија и Украина и со години е растргната меѓу приврзаниците на оние кои се за приближување кон Европската унија и оние кои се за поблиски врски со Москва. с