Гласањето во британскиот Парламент за договорената „зделка“ на премиерката Тереза Меј за брегзит, ќе се одржи како што е планирано на 11 декември. Тоа го изјави денеска претседателката на Долниот дом на британскиот Парламент, Анреа Ледсам.
Шансите на Владата да го добие гласањето се многу мали.
Според весникот „Тајмс“ високи министри ја повикуваат Меј да го одложи гласањето поради стравувања дека е под закана за голем пораз, што на крајот може да резултира со паѓање на владата.