Оглас со наслов „Издавам мал, но убав стан-гаража во центарот на Загреб“ – за „стан“ во гаража, којшто наводно може да се изнајми за 200 евра, го привлече вниманието на многумина…
„Станот“, како што е истакнато, е изграден 2012 година, има 15 квадратни метри, а се најде на порталот „Индекс огласи“. „Шокот“ е во тоа што „станот“ всушност, е тесна соба со еден затворски кревет, без кујна и тоалет.
„Мал стан/соба во центарот на Загреб со удобен кревет и сите потребни работи. Станот има удобен кревет, светилка, електрична енергија и сѐ што Ви треба за добар сон“, се вели во описот. Наведената цена е 200 евра, па верувале или не, имало и заинтересирани.
„Ми се јавија десетина луѓе“, откри сопственикот Иван, кој на крајот откри дека сакал само да се пошегува. – „Овој оглас го објавив како пародија на вистинските станови кои луѓето ги ставаат на оглас, а коишто не се многу поразлични од оваа лакрдија. Гаражата навистина постои, но во неа не се наоѓа креветот и другите работи, тие се додадени со Фотошоп“, изјави тој.