Шовинистички пароли и Илинденското востание доминираа на реванш натпревар меѓу Левски и Шкупи што вечерва се играше во Бугарија.
Навивачите на Левски имаа навредливи пароли за македонскиот народ и најголемиот празник Илинден, и скандираа на натпреварот против Шкупи од второто квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
Навивачите на Левски постојано пееја дека „Илинден за Бугарите е Велигден“.
Имаше и други транспаренти на трибината како „Илинден мајко Илинден, за Бугарите Велигден“ и слично.
На еден од транспарентите пишуваше: „Ако некој каже дека не сум Македонец ќе му го откинам јазикот, а ако каже дека не сум Бугарин ќе му ја откинам главата“.