Во современата цивилизација кон која сите ние се стремиме има сериозна и суштинска разлика меѓу вербалните напади односно таканаречената слобода на говор на која се изложени сите политички општествени личности но и обичните граѓани преку социјалните мрежи и физичкото насилство, реагира денеска партијата на Љубчо Георгиевски во врска со тепачката во Охрид.
Во продолжение целото соопштение:
Во таа смисла ВМРО-Народна партија осудувајќи го тешкото насилство со сериозни здравствени последици на еден македонски граѓанин во Охрид, кој патем е и секретар на здружение кое ги штити правата на Бугарите во Македонија не може да се изначуди на реториката со кои овој настан беше објаснуван во дел на македонските медиуми и портали, но и од поголем број на луѓе кои сакаат да бидат општествено активни.
Крајно загрижувачки е тонот со кој се бараат други причини за да се оправда еден брутален насилнички настан, а навистина е трагична тезата дека тепањето било од приватна причина што значи дека според истите тие медиуми впрочем е добро што бил истепан и немале потреба од никаква загриженост.
Ако на тоа се додаде и фактот дека сепак нашиот охриѓанец се декларирал и како македонски Бугарин навистина треба гласно да се запрашаме колку многу индоктиринирано е македонското општество на антибугарска основа.
Посебно вчудоневидува фактот што во „бранењето“ на насилството особено место земаат медиуми кои неодмна беа посочувани како загрозувачки за одредени етнички заедници.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија