ВМРО-Народна партија чиј основач е Љубчо Геотргиевски ја поздравува денешната одлука на македонското Собрание и можеме слободно да кажеме дека сме на чекор од исполнување на вековниот сон, а тоа е целосна интеграција на Македонија во ЕУ.
Во соопштението натаму се додава:
Денешната одлука е параф на нашата заложба за европската иднина на Северна Македонија која низ години, децении, векови мораше да минува низ трнлив пат во кој беше вложен огромен труд, дадена огромна жртва но со исполнувањето на нашите демократски вредности, реформите но и чувањето на цврстиот македонски идентитет денеска сигурно и достоинствено зачекоруваме кон интегративниот процес во Европското семејство – Европската унија.
ВМРО-Народна партија