Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на партијата, Илија Николовски, ова е по желба на членството, односно околу 90% од истотот се изјаснило дека сакаат да бидат во коалиција со Власта.
-Ние како партија на пензионери бевме до сега во коалиција со СДСМ. Имаме извршен одбор, имаме централен одбор расправавме на таа тема и од 100 луѓе, неколку се изјаснија дека треба да бидеме самостојни, ниту еден не се изјасни дека треба да останеме со СДСМ, а 90% се изјаснија дека се за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е да одиме со актуелната власт, вели Николовски.
За престојните локални избори Партијата на пензионери ќе имаа свои листи за советници во Штип, Делчево, Пехчево, а во Општина Карбиници ќе имаат и свој кандидат за градоначалник. На ниво на државата ќе бараат министерски места и директорски фотелји.
-Ние имаме кандидати, ќе предложиме во Штип да имаме советник, во Карбинци имаме и кандидат за градоначалник, вели Николовски.
Како што посочи Николовски, очекуваат поголема вклученост на членови во партијата со цел да се изнесат барањата на пензионерите, како и повеќе советнички места во општините.