Големи плакати на кандидатите за градоначалници на СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов и на општина Центар, Горан Герасимовски, се поставени на зградата на дирекцијата на ПОЦ, објави Нетпрес.

Станува збор за досега невиден потег во користење на објекти на државни и градски институции да се користат во предизборна кампања, надвор од законот и без основа се претворени во партиски огласувачи. Исто така, се поставува прашањето кој дал дозвола партиски реклами да се поставуваат на државни објекти.