Акциите на Турција и Азербејџан наликуваат на „терористички напад“ врз Нагорно Карабах и тоа е продолжение на геноцидот врз Ерменците, изјави денеска ерменскиот премиер Никол Пашинијан.

-Се соочуваме со азербејџанско-турски меѓународен терористички напад, рече Пашинјан за „Скај њуз“, додавајќи дека „за него нема сомнеж дека ова е политика на континуитетот на геноцидот врз Еременците и политика на повторно воспоставување на турското царство, додаде тој

Ерменскиот премиер притоа потсети на масакрите на 1,5 милион Ерменци од страна на Отоманската империја во периодот од 1915 до 1923 година, пренесуваат британските медиуми.