Словенечкиот маслинар од Истра успеа да да патентира нов начин на цедење маслинки без нивно загревање што резултира со поголема трајност на маслото и поголема содржина на атиоксиданти.
Станува збор за нов систем на цедење и преработка на маслинки што се разликува од класичниот начин на ладно цедење при што маслото се загрерва до 27 степени Целзиусови, вали маслинарот Бено Бајда.
Како што објасни основната идеја од која „тргнал“ пред неколку години била во преработката на маслинките, молекулите на маслиновото масло да се издвојуваат со помош на ултразвук и без загревање. Новата технологија е патентирана во Љубљана и ќе може да ја користат и други.