Патнички и товарен воз вчера удриле на поставени предмети на пругата во близина на Железничката станица Смоквица, при што нема повредени лица, но е предизвикана материјална штета.
Во полицијата вчера попладне во 17:05 часот било пријавено дека во близина на Железничката станица Смоквица патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, наишол и удрил во бетонско столбче. Од ударот била предизвикана материјална штета, со оштетување на предниот дел на возот, кој го продолжил патувањето до Скопје.
На истото место, синоќа околу 19:45 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, наишол и удрил на поставени предмети на пругата, а возот го продолжил патувањето без оштетувања.