Патниците на Евростар (Eurostar) ќе треба да носат заштитни маски од следната недела, како дел од мерките за заштита од новиот коронавирус.
„Од 4 мај патниците ќе треба да носат маски на станиците и во нашите возови, како што тоа го бараат француската и белгиската влада“, соопшти компанијата на својата веб-страница.
Возовите на Еуростар продолжуваат да патуваат низ Ламанш, но со помала фреквенција поради ограничувања во движењето на луѓето, зголемената контрола и намалена побарувачка.
Белгија, која има највисоко ниво на заразени во светот по глава на жител (67 на 100.000), ги презема своите први мерки за ублажување на карантинот од утре. Сите патници во јавниот превоз мора да ги покриваат устата и носот за да не бидат казнети.
Франција, која ќе преземе слични чекори за ублажување од 11 мај, исто така ќе наложи носење маска задолжително во транспортните средства.