Царинските службеници пронајдоа над 11.270 дијаманти во рачниот багаж на патник на аеродромот во Франкфурт, Германија.

Дијамантите биле скриени под лажно дно во торбата, соопштија денеска царината и федералната полиција.

Вредноста на суровите дијаманти првично била нејасна и мора да биде утврдена од експерт, пренесе ДПА.

Мажот (53) кој долетал од Ангола во Франкфурт, бил уапсен и притворен во истражен затвор. Тој не ги пријавил дијамантите при влезот како што е потребно, а исто така не можел да приложи ниту неопходен сертификат.