Децата на актерката Патриша Хитон прв пат нема да добијат подароци за Божик. Оваа година, Патриша одлучила да го покаже вистинското значење на овој празник.
За оние кои не знаат, Патриша Хитон е позната по серијата „Сите го сакаат Рејмонд“, како сопруга на главниот лик.
Таа е одлична актерка, но исто така не се плаши да зборува за работи што и се важни, особено кога станува збор за верата.
Таа и нејзиниот сопруг Дејвид Хант имаат четири сина Дејвид, Џон, Јосиф и Даниел. Како и на многу други семејства, и нив подароците им се многу важен дел од Божиќ.
Се разбира, подароците можат да се дадат без да се изгуби вистинското значење на тој голем празник.
„На крајот на краиштата, Божиќ не е само за подароци“, вели Патриша. „Божиќ е за семејството и за славење на раѓањето на Исус“.
Но, сега кога нејзините деца пораснаа, таа сака повторно да се фокусира на она што е најважно.
„Многу е лесно да се падне на комерцијализација на Божиќ“, вели таа.
„Всушност, ова е прва година што им кажав на сите дека нема да купувам ништо. Моите момчиња се во нивните дваесетти, па минатата година му реков на мојот сопруг дека сфатив оти многу се нервирам околу Божиќ. Почна многу да ми пречи тој процес околу купување и подароци. Не сакам празниците да бидат околу тоа “.
Верата на Патриша отсекогаш и била на прво место, без оглед на нејзиниот успех и популарност. Учествува во многу хуманитарни кампањи и помага секогаш кога може.
Нејзиниот дух на дарување се родил во детството заради нејзиниот татко, кој без оглед на се секогаш им давал на сиромашните.
„Тој беше човек кој беше многу нервозен за пари и имаше пет деца. Плаќаше за христијанско училиште и секогаш даваше пари во разни добротворни цели “, вели Патриша.
„Никогаш не зборуваше за тоа, но јас сум го видела како го правитоа секој месец. Тоа многу влијаеше врз мене “, додаде таа.
„Исус рече дека многумина очекуваат од оние кои имаат многу, затоа мислам дека е многу важно и ние да го правиме тоа, но треба да се биде внимателен кому се дава и како се дава“, рече Патриша, која духот на татко и за дарување и несебичност сака да им го пренесе и на своите деца.