Категорично несогласување со можноста кипарското прашање да се реши како конфедерација изрази денеска во Никозија претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос
Тој беше во Кипар за одбележувањето на десетгодишнината од смртта на поранешниот кипарски претседател Тасос Пападопулос.
– Не може да има решение на кипарското прашање преку конфедерација, истакна Павлопулос и додеде дека вакво решение би било во спротивност со уредувањето и начинот на функционирање на Европската унија. Грчкиот претседател изјави дека ако Кипар донесе одлука за конфедерација, „сам себе би се извадил од Европската унија”.
Павлопулос дополни дека она што е потребно е да се вложат напори за изнаоѓање решение преку федерација. – Можеме да најдеме соодветен вид на федерација што ќе ни одговара, рече грчкиот претседател.