Со објава на Фејсбук, од извесна Илина Маркоска.
Таа на Фејсбук напишала „Дали знаевте дека до 1808 година Балканскиот полуостров се викал Македонски полуостров, кога германскиот географ Август Зеуне го преименувал?“
Екипата на Вистиномер провериле и порачуваат: „Нема докази дека во 18 и 19 век Балканскиот Полуостров се викал Македонски Полуостров“.
„Поради тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина“, вистинољубиво пресудува екипата на Вистиномер.
Истата госпоѓа на својот Фејсбук профил има напишано „Бог се јави.“
Чекаме.




