Градоначалникот Кирил Пецаков на денешниот настан во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловен како Саем-Отчет, 4 години работиме за тебе се осврна на ситуацијата во која беше затекната општината.
„Општината Охрид ја наследивме во многу лоша состојба со голем долг, во висина од околу14,5 милиони евра и истиот го раздолживме и продолживме со работа. Иако стартот беше лош ние упеавме и да се раздолжиме и да продолжиме да работиме. Како и да е успеваме“, рече Пецаков.
Пецаков укажа дека во Охрид се реализираат проекти кои го менуваат ликот на градот.
„Иако имавме голем долг успеавме да завршиме проекти кои суштински влијаат на Охрид. Почната постапка за катната гаража, изградивме основно училиште бидејќи преку 50 години не било направено во Охрид, ние го направивме и го пуштаме на 1 септември. Лескоец училиштето доби спортска сала. Секако и Трпејца добива пречистителна станица“, информираше Пецаков.
Според Пецаков, Охрид сега е град со кој може да се гордее секој негов жител бидејќи се направени сериозни промени.
„Ова е само почеток продолжуваме со многу големи проекти и во наредните четири години“, заклучи Пецаков.