Договорот од Преспа е национално штетен и правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици како за македонските производи така и во врска со македонскиот јазик и националност кои имаат некои негативни последици, вели портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас.
Тој ова го кажа на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето како грчката влада го карактеризира Договорот од Преспа, јави МИА од Атина.
– Премиерот, како на саемот во Солун каде што беше прашан, но и во неговите меѓународни контакти со лидерите на други европски земји, како што беше во Франција, Германија и Холандија договорот го карактеризираше како национално штетен договор и правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици како за македонските производи така и во врска со прашањата за македонски јазик и националност што имаат некои негативни последици, рече Пецас.